Сојуз на Дефектолози на Република Македонија

Array

Вести и ативности на Сојузот

Обука за Сензорна Интеграција -  ТРЕТ МОДУЛ (11-15 ноември 2019 година)

Третиот модул е наменет за окупациони терапевти, специјални едукатори и рехабилитатори, логопеди, психолози и наставници. Во тек на негова реализација стекнатите знаења од првиот и вториот модул ќе бидат применети во принципи за практична работа.

Доделени награди за 2018 година

Доделени награди за 2018 година од Фондација „Професор Аупчо Ајдински“ на предлог на Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија.

Потпишан Меморандум за соработка

На 19.04.2019 година во просториите на ЗГ ЦеПроСАРД беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу „Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија” претставуван од преседателот на Сојузот г-дин Горан Петрушев.

Одлука за распишување конкурс за награди и признанија за 2018 година

 Конкурсот има три категории: Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијанајдобар корисник и Најдобар практичар вработен во установите од областа на заштитата ...

Меѓународна соработка

 Сојузот на дефектолози на Република Македонија, претставуван од Претседателот г-дин Горан Петрушев на 21.02.2019 година воспостави поблиска меѓународна соработка со Друштвото на дефектолози на Србија, Сојузот на рехабилитациски педагози на Словенија ...

Интернет (не)присуство на СДРМ

е знакот кој го опишува Сојузот на дефектолози на Р.Македонија СДРМ кога станува станува збор за присуство на организацијата на социјалните медиуми.  

Потпишан меморандум за соработка

На 01.02.2015 година е формирана Македонската национална коалиција на граѓански организации за унапредување и заштита на правата на лицата со аутизам на иницијатива на Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам.

Информации и соопштенија

Information about the conference 2019

Association of Special Educators and Rehabilitators of the Republic of Macedonia;  Institute for rehabilitation of children with hearing impairment, speech, voice and other problems in the development "Koco Racin" - Bitola;

Известување за обука

Ве покануваме да учествувате на обука за Сензорна интеграција во траење од 3 последователни модули кои вклучуваат активно реализирање на 126 ефективни единици во тек на петнаесет работни дена.

Барање за најди дефектолог или логопед

Ве известуваме дека во тек е подготовка на информација за сите членови на Сојузот која ќе биде по регионална организација и ќе биде објавена на веб страницата на Сојузот во делот Мапа на региони.

Работната тетратка со графомоторни вежби

Во текот на месец Септември излезе од печат  работната тетратка со графомоторни вежби „Учам да пишувам“ наменета за учениците од прво одделение во деветгодишното основно образование.

Кој сме ние?

Сојузот на дефектолозите на Република Македонија е невладино, стручно – професионално и хуманитарно здружение на граѓани во кое доброволно се здружуваат дефектолози, логопеди,специјални(социјални) педагози и други стручни профили кои работат со лицата со посебни потреби како и самите лица со посебни потреби, нивните родители или старатели.

Активностите кои се реализираат од страна на Сојузот на дефектолози на Република Македонија, се темел за иднината на организацијата која ќе прерасне во провајдер на услуги од страна на стручни лица. Услугите од стручните лица ќе придонесат за успешност во процесот на вклучување на лицата со инвалидитет во сите сегменти на општественото опкружување.

Мисијата на Сојузот на дефектолози на Р.М е да изгради капацитети во општеството, преку кои ќе се овозможат еднакви можности за општествено вклучување, пред се на децата со посебни потреби. Според тоа организационата мисија, на оваа организација се сведува на следнава реченица: " СОЗДАВАМЕ УСЛОВИ ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ "