Конкурс за доделување награди и признанија
Согласно одлуката на Претседателството на Сојузот на дефектолозите на Република Македонија донесена на ден 16.12.2013 година, Комисијата за награди и признанија распишува:
К О Н К У Р С
за доделување награди и признанија
1.Наградите и признанијата ги доделува Сојузот на дефектолози на Р. Македонија а паричните награди во сите три категории се донација од фондацијата “Проф. д-р Љупчо Ајдински”.
2. Наградите и признанијата ќе бидат доделени во три категории:
1.1 Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост во однос на:
– организација на работата, успешно извршување на програмските задачи и постигнатиот успех во работата со учениците односно корисниците во текот на 2013 година;
- унапредување на дефектолошката теорија и пракса и соработка со Сојузот на дефектолози на Р.Македонија
1.2 Најдобар корисник на установите од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со посебни потреби, во текот на 2013 година;
1.3 Најдобар практичар вработен во установите од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со посебни потреби, во текот на 2013 година.
3. На конкурсот може да аплицираат сите правни субјекти и физички лица кои ги исполнуваат КРИТЕРИУМИТЕ изгласани од страна на Комисијата за доделување награди и признанија, кои се во согласност со Правилникот за доделување награди и признанија.
4. Апликациите, се доставуваат електронски на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , преку пошта адресирани до Комисија за доделување награди и признанија, Сојуз на дефектолози на Р.Македонија, ул.11 Октомври, бр 42-а, ДХО Даре Џамбаз – Скопје, најдоцна до 10.03.2014 година.
Наградите и признанијата ќе бидат доделени во текот на месец Мај 2014 година,на Првиот симпозиум за первазивни развојни нарушувања “Научните достигања во функција на практиката”.
МЕЃУНАРОДЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА: