Во текот на месец Септември излезе од печат работната тетратка со графомоторни вежби „Учам да пишувам“ наменета за учениците од прво одделение во деветгодишното основно образование.
Работната тетратка со графомоторни вежби „Учам да пишувам“, чии автори се проф. д-р Наташа Чичевска Јованова и Славица Тодорова е наменета за сите ученици во прво одделение од деветгодишното основно образование, вклучувајќи ги и учениците со лесни пречки во интелектуалниот развој, учениците со проблеми во учењето и со моторни нарушувања. Односно, прирачникот за првоодделенци - работната тетратка за наставата, пред сѐ, по мајчин јазик во прво одделение од основните училишта, е наменет за сите ученици во една инклузивна училница. Наменет е за децата со проблеми во својот развој, но може да се користи и за општата популација ученици.Тргнувајќи од принципите на инклузијата како неминовен процес во современиот воспитно-образовен систем, издадовме прирачник (работна тетратка) за најмалите ученици што ќе им помогне во развојот на графомоториката, како и во развојот на репродуктивната и творечката фантазија.
За содржината, методската поставеност на содржините и за целокупниот позитивен ефект на работната тетратка имаме позитивни рецензии од проф. д-р Даниела Димитрова Радојичиќ, проф. д-р Емилија Ѓорѓева - Панова и од проф. д-р Буниамин Мемеди.
Одобрена е за употреба во основните училиштата во Р. Македонија од Министерството за образование и наука, со Решение бр. 11-11058/3 од 17.09.2014 година.
Освен на македонски јазик, во тек е и печатењето на работната тетратка и на албански и на српски јазик, со што би се опфатиле сите деца во Р. Македонија, без разлика на етничката припадност, кои на овој начин ќе добијат можност да се запознаат со содржините на својот мајчин јазик.
Цената на работната тетратка е 210 денари и истата може да се нарача на e-mail:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
или e-mail:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
кај издавачот „Санто Стеф - С“ ДООЕЛ, Скопје.
МЕЃУНАРОДЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА: