Врз основа на член 30 од Статутот, Претседателството на Сојузот на дефектолози на Република Македонија, на својата седница одржана на ден 04.03.2015 година ја донесе следната:
О Д Л У К А
за распишување конкурс за награди и признанија за 2014 година
Член 1
Конкурсот има четири категории:
1.1 Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост во однос на организацијата на работата, успешно извршување на програмските задачи и постигнатиот успех во работата со учениците односно корисниците во текот на годината;
1.2 Најдобар корисник на установите од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост, во текот на година; 1.3 Најдобар практичар вработен во установите од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост, во текот на годината.
1.4 Најдобар научно истражувачки труд и врвни научно-стручни достигнувања од областа на дефектологијата и социјалната заштита во текот на годината.
Член 2
Конкурсот го распишува Комисијата за награди и признанија формирана согласно одлуката на Претседателството на Сојузот на дефектолозите на Република Македонија.
Член 3
Критериумите и постапката за доделување на наградите во сите три категории се во согласност со Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување награди, признанија, повелби, плакети и благодарници за заслужни членови и граѓани, усвоен од страна на Собранието на Сојузот.
Член 4
Паричната награда во сите три категории ја обезбедува фондација "Проф. д-р Љупчо Ајдински".
Член 5
Одлуката стапува на сила од денот на донесување.
04.03.2015 год.
СО ПОЧИТ,
СОЈУЗ НА ДЕФЕКТОЛОЗИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Горан Петрушев
МЕЃУНАРОДЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА: