Сојуз на Дефектолози на Република Македонија


 

И З В Е С Т У В А Њ Е  З А  О Б У К А 

 rbt2

ПОЧИТУВАНИ,

Македонска национална коалиција на граѓански организации за унапредување и заштита на правата на лицата со аутизам организира сертифицирана обука за работа со лица со попреченост по АБА методата. По завршување на обуката сите учесници ќе имаат можност да се здобијат со професионален сертификат. Обуката ќе биде спроведена во интерактивен облик каде што учесниците меѓу другото ќе вежбаат како да пишуваат цели и задачи, на кој начин да го следат прогресот на истите, како да спроведуваат научно докажани АБА интервенции и како да се справат со различни облици на однесувања.

Ова е прва сертифицирана обука за АБА методата во Р.Македонија по која учесниците ќе имаат можност да се здобијат со валиден меѓународно признат сертификат за работа еден на еден со деца со попреченост.


СО ПОЧИТ, 

СОЈУЗ НА ДЕФЕКТОЛОЗИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МЕЃУНАРОДЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА: