Сојуз на Дефектолози на Република Македонија


ПРОЕКТ

„Обезбедување специјализирана поддршка за деца со посебни потреби
од Специјалниот Завод Демир Капија со цел деинституционализација“



За потребите на Проектот „Обезбедување специјализирана поддршка за деца со посебни потреби од Специјалниот Завод Демир Капија со цел деинституционализација“, кој е во поддршка на Канцеларијата на УНИЦЕФ Скопје, а кој ќе го раководи Сојузот на дефектолози на Р. М. потребни се 3 дефектолози, 3 физиотерапевти, 2 психолози/психотерапевти, 2 социјални работници и 2 негователи.

Стручните лица од проектниот тим ќе работат на проценка на капацитетите на децата, создавање на индивидуален профил и индивидуална специјализирана програма за работа со децата, директна работа со деца преку примена на иновативни методи на работа и подготовка на истите за деинституционализација, размена на искуства и соработка со вработените во Заводот, соработка со билошките, односно згрижувачките семејства. Професионалните лица би биле ангажирани 5 дена неделно, по 8ч дневно (пожелно е да бидат флексибилни за работен ангажман од понеделник до недела).

Дополнително од предвидениот хонорар, трошоците за пат и сместување ќе бидат покриени. Кандидатите треба да имаа диплома за завршено соодветно образование, најмалку 6 месеци работно искуство со деца или возрасни со посебни потреби, најмалку една година искуство во работата во рамки на мултидисциплинарен тим и познавање на англиски јазик (зборување, читање, пишување).

Заинтересираните кандидати треба да имаат висока мотивација, емпатичност и желба за помагање на најмаргинализираната група на граѓани од нашето општество.Сите заинтересирани да достават своја кратка биографија најдоцна до 20.08.2017 на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите (контакт лице Весна Костиќ-Ивановиќ, 078/225283).



СО ПОЧИТ, 

СОЈУЗ НА ДЕФЕКТОЛОЗИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МЕЃУНАРОДЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА: