Сојуз на Дефектолози на Република Македонија

 

 

 

Прва Конференција по повод европскиот ден на логопедијата на тема:

„Аугментативна и алтернативна комуникација“, Скопје, 6 Март, 2018 година

 

Почитувани,

Ве известуваме дека ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух говор и глас , Ул. Белградска бр. 15, Скопје и ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас, ул. Елпида Караманди бр. 28, Битола, во соработка со Сојузот на дефектолози на Република Македонија, по повод европскиот ден на логопедијата организираат прва научно-стручна конференција со меѓународно учество на тема:„АУГМЕНТАТИВНА И АЛТЕРНАТИВНА КОМУНИКАЦИЈА“


Целта на оваа конференција е зголемување на свеста за логопедската професија и јавната свест за нарушувањата на вербалната комуникација како и нивното влијание врз човековото здравје. 

Пораката на овој ден е дека преку размената на знаењата и искуствата низ цела Европа може полесно да се дојде до спречувањето на нарушувањата на говорот и јазикот или подобра превенција од нивните можни компликации. Секоја година се предлага една тема и често се користи заеднички слоган и заеднички материјали. Фокусот оваа година е насочен на аугментативната и алтернативната комуникација.

Останати категории (подрачја) и теми на конференцијата се : 
- Дијагностика и рана интервенција кај децата со говорно-јазични нарушувања
- Клинички стратегии и трендови во рехабилитација на лицата со оштетувања на слухот и говорот;
-Законски регулативи кои го одредуваат професионалниот статус на логопедот во практиката;     

  Ве молиме апстрактите на трудовите да ги пријавите најкасно до 10.02.2018 година, за да можеме навремено да извршиме избор и да Ве известиме за прифаќањето на Вашиот труд. Одговорот можете да го очекувате до 12.02.2018 година.
Прифатените трудови треба да ги пратите до 22.02.2018 година и истите ќе бидат отпечатени во Зборник на трудови доколку до овој рок уплатите котизација во висина од 1.000,00 денари. Повеќе информации за уплатата на котизација и за организацијата на конференцијата ќе добиете во второто известување.

Види повеќе

 

 
 
Програма за конференцијата
 
Упатство за автори
 
 


СО ПОЧИТ, 

СОЈУЗ НА ДЕФЕКТОЛОЗИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МЕЃУНАРОДЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА: