Сојуз на Дефектолози на Република Македонија

 


 И З В Е С Т У В А Њ Е

ЗА ОБУКА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА ПРИМИТИВНИ

И ПОСТУРАЛНИ РЕФЛЕКСИ КАЈ ДЕЦА СО РАЗВОЈНИ НАРУШУВАЊА

Скопје, 09-11.10.2018 година

 

Почитувани,

Сојузот на дефектолози на Република Македонија (СДРМ) организира обука на тема „Интеграција на примитивни и постурални рефлекси кај деца со развојни нарушувања“. Реализатор на обуката е г-ѓа Јасенка Лазиќ, Blomberg Rhytmic Movement Trener од Нови Сад , Р.Србија. Обуката е со времетраење од 15 часа теоретска и практична работа . По завршување на обуката се добива сертификат.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Право на учество имаат стручни лица-логопеди, дефектолози, психолози идр. Обуката ќе биде одржана доколку се пријават најмалку 15 учесници и истата ќе се изведува на српски јазик. За учество на оваа обука задолжителна е котизација .Со уплата на котизација добивате право на учество, печатено издание на брошура со рефлекси и вежби за интеграција, сертификат, освежување и закуска во текот на паузите. На предавањето треба да бидете удобно облечени, во тренерки или широка облека и со себе да носите пешкир.

За повеќе информации долу на линковите.


 
 


СО ПОЧИТ, 

СОЈУЗ НА ДЕФЕКТОЛОЗИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МЕЃУНАРОДЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА: