Сојуз на Дефектолози на Република Македонија

Пристап и подршка на децата со тешкотии во учењето предизвикани од дислексија, дисграфија и дисклакулија

 

Обуката се одржа во февруари 2016 година во Скопје и Струмица, во организација на Сојузот на дефектолози на Р.Македонија.

Обуката беше дводневна, со активно времетраење од вкупно 12 часа, составена од два дела. 


Извештај од стручниот семинар „Дигитална манипулација“

 

Во периодот од 13-14.11.2015 година, во Скопје од страна на Сојузот на дефектолози на Република Македонија се одржа стручен семинар за логопеди, за примена на методот -  Дигитална Манипулација.

Методата Дигитална манипулација е активен пристап во процесот на гласовно добивање, преку поставување на мобилните говорни органи во положба за изговор. 


“Практични пристапи кај децата со аутизам и АДХД“


Обуката ја организиравме во соработка со Основното и средно училиште „9 Мај“ од Зрењанин, Р. Србија.

Се одржаа три дводневни обуки во периодот од 25 до 30.09.2015 година, од кои две  во Скопје и една во Струмица , со вкупно учество на 108 стручни лицa - дефектолози, логопеди, наставници, психолози и др.

 


МЕЃУНАРОДЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА:

„Дијагностика и третман на развојни нарушувања“

 

Сојузот на дефектолози на РМ во 2013 година ја реализираше обуката „Дијагностика и третман на развојни нарушувања“.

Обуката ја организираме во соработка со Психијатриска ординација „Др Селаковиќ“ и Центар за едукација „Торбица +“ од Р.Србија, а се одржи во Скопје на 13-14 Април.

 

 


 

МЕЃУНАРОДЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА:

Извештај од курсот по Сензорна интеграција

Во периодот од 13 до 17 Март согласно планираните програмски цели Сојузот на дефектолози ја реализираше првата фаза од стручната обука по Сензорна Интеграција. Во соработка со Виенскиот Институт, и м-р Елизабет Шехтинг како овластен СИ тренер, се  одржаа првиот и вториот модул од именуваната обука. Првиот модул беше од отворен тип на кој беа присутни 18 учесници, од повеќе стручни профили како дефектолози, логопеди, психолози, и родители. Истиот ги прикажа целите и перспективите на применетата Сензорна интеграција.

.

 


 

МЕЃУНАРОДЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА:

Извештај од Симпозиум:Рана интервенција и развојни пореметувања

Во периодот од 19-21.05.2011 во Охрид се одржа Симпозиумот – „Рана интервенција и развојни пореметувања“. Симпозиумот беше во организација на Сојузот на дефектолози на Р.Македонија и Здружението на педијатри, со поддршка на Филозофски факултет и Институт за дефектологија и Медицинскиот факултет и Клиниката за детски болести.

Симпозиумот беше со меѓународно учество. Беа одржани 45 предавања од кои 10 од странски експерти во областа и тоа од Италија, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија , Бугарија и Косово. Имаше преставник од министерството за труд и социјална политика. Промотивен флаер на Симпозиумот.

 


 

МЕЃУНАРОДЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА:

Извештај од Мегународна конференција во Битола 2010

Во периодот од 27 – 29 мај 2010 година, во Битола, се одржа меѓународна конференција – Денови на дефектолози. Истата беше во организација на Сојузот на дефектолози на Република Македонија и Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ – Битола, а под покровителство на Министерството за труд и социјална политика на Р.Македонија. Темата на меѓународната конференција беше „60 години воспитание, образование, рехабилитација и вработување на лицата со инвалидност во Република Македонија.“

 

 


 

МЕЃУНАРОДЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА: