Покана за конференција
Со посебно задоволство Ве покануваме да учествувате на Конференцијата со меѓународно учество на тема „Тимски пристап во медицинската рехабилитација на децата со попреченост“ која ја организираат СДРМ и ЗФРМ.
Во На 31.05.2017 година, Институционалниот одбор на посебни основни училишта и установи при Сојузот на дефектолози на Македонија организираше стручен настан „Саем на наставни средства“. Настанот се одржа во Public room во периодот 11.00 – 15.00 часот и истиот беше отворен за сите кои се на директен или индиректен начин поврзани со стручната работа со децата со попреченост, но и за сите кои имаат интерес за оваа тема.
Во периодот од 27 – 29 мај 2010 година, во Битола, се одржа меѓународна конференција – Денови на дефектолози. Истата беше во организација на Сојузот на дефектолози на Република Македонија и Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ – Битола, а под покровителство на Министерството за труд и социјална политика на Р.Македонија. Темата на меѓународната конференција беше „60 години воспитание, образование, рехабилитација и вработување на лицата со инвалидност во Република Македонија.“
Во периодот од 19-21.05.2011 во Охрид се одржа Симпозиумот – „Рана интервенција и развојни пореметувања“. Симпозиумот беше во организација на Сојузот на дефектолози на Р.Македонија и Здружението на педијатри, со поддршка на Филозофски факултет и Институт за дефектологија и Медицинскиот факултет и Клиниката за детски болести.
Симпозиумот беше со меѓународно учество. Беа одржани 45 предавања од кои 10 од странски експерти во областа и тоа од Италија, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија , Бугарија и Косово. Имаше преставник од министерството за труд и социјална политика. Промотивен флаер на Симпозиумот.
"ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ-СОСТОЈБА И ПРЕДИЗВИЦИ"
Научно-стручниот собир беше реализиран во периодот од 17-19 Мај, во хотел Сириус-Струмица.
Организатори на овој собир беа:
Сојузот на дефектолози на Република Македонија, Министерството за образование и наука на Република Македонија и Филозофски факултет-Институт за дефектологија.
Мегународен научно-стручен собир на тема:
"ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ-СОСТОЈБА И ПРЕДИЗВИЦИ"
Научно-стручниот собир беше реализиран во периодот од 17-19 Мај, во хотел Сириус-Струмица.
Организатори на овој собир беа:
Сојузот на дефектолози на Република Македонија, Министерството за образование и наука на Република Македонија и Филозофски факултет-Институт за дефектологија.
Во периодот од 15 до 17 мај 2014 година, во Струга се одржа Првиот симпозиум за первазивни развојни нарушувања „ Научните достигнувања во функција на практиката“. Симпозиумот беше организиран од страна на Сојузот на дефектолози на Р.Македонија и Ј .З.У. Универзитетска клиника за дет ски болести , во соорганизација со Филозофскиот и Медицинскиот факултет, при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје , а под покровителство на Министерството за Здравство на Република Македонија.
Овој симпозиум има посеб но значење, бидејќи за прв пат на едно место дебатираа стручни лица , кои од повеќе области ги третираат пе рвазивните развојни растројства.